Жителите на скопската општина Аеродром од полноќ на социјалните мрежи постираат фотографии и видеа од багери кои ноќеска почнале да копаат на парцелата кај Мајчин дом, каде се планира голем станбено-деловен објект.
Револтот на граѓаните е насочен кон градоначалникот на Аеродром Златко Марин кој за време на кампањата за локалните избори бараше неговиот претходник да го повлече планот за изградба на овој објект, а сега самиот го дозволил. Жителите за денеска во 17 часот најавија протест и бараат оставка од Марин за неисполнетите ветување.
Од Општината вчера за Телма изјавија дека се обврзани да го процесираат активниот ДУП И10.