Бабунски: Ова е почеток на нов проект

241

Вардар денеска почна со летните подготовки, при што главен акцент ќе биде ставен на квалификациите за Лига Европа, кои според распоредот ова лето стартуваат кон средината на јули.

„Црвено-црните“ се собраа во тренинг кампот во Хиподром, а потоа следуваше прозивката на шефот на стручниот штаб Бобан Бабунски.

– Би сакал најпрво да се заблагодарам на дадената доверба да ја водам екипата, се надевам дека со целокупниот стручен штаб ќе ја оправдаме. Ова е почеток на нов проект. Заврши една убава приказна за Вардар, би сакал да им честитам на сите, иако неколку не продолжија со овој тим. Дојде и тој момент да се почне еден нов проект, и ја прифаќаме таа одговорност. Треба да ги вратиме резултатите и знаеме што сакаме. Имаме цел и стратегија, се надевам ќе успееме во тоа. Вардар во изминатите години освојуваше титули, се претстави добро и на европско ниво, тоа е нашиот план и за понатаму – истакна Бабунски.

Играчите на Вардар до среда ќе тренираат во Скопје, а во четврток заминуваат во Словенија. Во местото Зрече ќе останат до први јули и таму ќе одиграат седум контролни натпревари против Шампион Целје (17.06), Домжале (20.06), Марибор (21.06), Оренбург (25.06), Балзан (26.06), Херманштад (29.06) и Целје (30.06).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...