Бабунски веќе не е тренер на Вардар

200

Фудбалскиот клуб Вардар остана без тренер на само три дена пред реванш натпреварот од првото коло во квалификациите за Лига Европа против ерменски Пјуник.

– Вардар денеска донесе одлука за разрешување на досегашниот шеф на стручниот штаб Бобан Бабунски и тој повеќе нема да ја води екипата на „црвено-црните“. На Бабунски му се заблагодаруваме на досегашната соработка и му посакуваме многу успех во иднина, соопштија од фудбалскиот клуб.

Бабунски беше назначен за тренер во април оваа година на местото на Чедомир Јаневски и го предводеше тимот во финишот од минатата сезона, како и во првиот квалификациски натпревар од Лигата на Европа.

Вардар на реваншот против Пјуник ќе го предводи досегашниот помошник тренер Александар Васоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...