Точно по половина година, премиерот во оставка на Чешка, милијардерот Андреј Бабиш, повторно беше примен во Тронската сала на Прашкиот замок на Храдчани. Претседателот Милош Земан на традиционалната церемонија, повторно го именува Бабиш за премиер.
Шефот на АНО, Бабиш ја доби довербата на претседателот на државата иако сѐ уште не е јасно како ќе изгледа вториот кабинет на премиерот. Дали во него влезе Социјалдемократската партија ќе се знае идната недела кога ќе заврши внатрепартискиот референдум во врска со ова прашање. Идниот состав уште не е познат, а поставувањето на неколку министерски позиции е неизвесно.