Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец.
Температурата ќе се движи од минус 5 до 20 степени. Во Скопје сончево со температура од минус 2 до 18 степени.
Утре претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Во недела ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.