Баба и дедо на возраст од 76 и 74 години биле пронајдени мртви во када во куќата во Скопје во којашто живееле.
Нив ги пронашл нивниот внук кој рекол дека најверојатно починале од струен удар.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.