И не беше битно дали надвор има снег до колена, дали е минус 10 или повеќе, подмрзнато, дали на стреите висат мразулци од пола метро, сите, од најмалото до највозрасното, завиткани во шалчиња, волнени плетени капи, ракавици од чиста рунска волна, чизмички над белите рунски чорапчиња, чојани палтенца над рачно плетените џемперчиња, со зацрвенети обравчиња и носиња, од рано утрината, па речиси до пладне, пееја пред портите на секое домаќинство.
Тие не знаеја да ги разликуваат портите според националната и верска припадност на домаќините, според политичката, ич. Пееја пред секоја порта, и сите, без исклучок, им отвараа и им делеа коледарски подароци. И Муслимани и Христијани и Католици и Евреи и Нововерци и верници и атеисти. Сите семејства беа подготвени за ова детско утринско пеење… И помеѓу дечињата имаше различни по вероисповест, ама, никој, бе, не го поставуваше прашањето: Зошто и овие дечиња, Турци, Албанци, Роми, наизуст ја пеат „Коледе леде“ и одат од врата на врата? Затоа што сите бевме исти, и по вера и по националност, заради искрената почит во различноста. Сите славевме Бајрам, сите Велигден, сите Католички Божиќ, сите Ѓурѓов ден, сите Стара Нова година. Абе сите бевме луѓе, и затоа децата беа деца, верниците верници, свештениците достојни божји пратеници, а за политичарите никој немаше поима. Сите бевме вакцинирани од болести и од политика. Ниту не’ интересираше кои се, како се викаат, дали крадат или не крадат, дали вработиле близок или далечен… Денес не се појавија во мојата уличка. Ги нема веќе неколку години. Ниту огнот имаше кој да го запали сношти, а беше традиција за која сметавме дека никогаш нема да исчезне.
Денес, сите знаеме како се викаат политичарите, им ги знаеме намерите на каобожемските свештеници, децата ги изолираме по верска и национална припадност, не ги вакцинираме, оцрнувајќи се едни со други заради јасната политичка определеност, гласно шепотејќи: „Тие се комуњари, со нив не!“, „Оние се вморовци, таму НИКАКО!“ „Кај “Шиптарите“ ни под точка разно!“, „Со “Ѓаурите“, јок, јо, ич…!“
Читам делови од некаква исповед, или, ај, ќе ја наречам инсајдерска мемоарска фактографија на некој си долгогодишен службеник во Титовата блиска административно безбедњачка структура. Името му е Гавро Дотлиќ, ама не ми падна в очи содржината од неговите секвенцијални мемоари, и намерата преку нив да се оцрни ликот и делото на Тито, туку, од насловот на мегануклеарно тешкиот мкд јебиветар, Саше Политико, познат во јавноста како Саше Поликлинико, во кој вели:
„ОВА Е ГОРЧЛИВАТА ВИСТИНА ЗА ТИТО КОЈА ЛЕВИЧАРИТЕ И ЈУГО-НОСТАЛГИЧАРИТЕ СЕУШТЕ ОДБИВААТ ДА ЈА ПРИФАТАТ…“
Кратовското јебиветарско створење, не умее, не знае, нема капацитет, нема ниту простор во кој би ги раширил сопствените хоризонти за да ја види целата слика, па пред да стави наслов, добро да размисли, наместо како и секогаш, чешајќи се за јајцата да напише наслов со големи букви.
Колецот му го ограничува тој хоризонт, и јадниот блебека, според тоа што некој друг ќе каже, раскаже, ќе му наложи, без иоле минимална шанса да размисли пред да сподели, и од тоа прави наслов со кој, обидувајќи се да ги накити со антититоитските перја, верувачите во вмровистичките голооточки доживувања, заедно со нив, се препелка во мастурбирачки оргазам… Тито живеел и арчел како Крал на СФР-Југославија. Ги уживал сите можни привилегии и повеќе од кој било Крал во светот, бил стилист и узурпатор, присвојувач на замоците и имотите на претходната кралевска фамилија, и, замислете, во нив се курчел, живеел, се паунчел, едноставно уживал…
Овде речиси и да нема грешка, неточност во овие констатации. Точно е, Тито не беше Крал, ама беше неколку пати повеќе од кој било Крал на планетава. Беше, и тоа заслужено. Према томе, единственото прашање кое ги дава сите одговори и на мемоарските сокриени прашања во констатациите на Дотлиќ, па и во моронскиот наслов на Поликлинико, е следново: Проверте, бре, торкоиди, со какво наследство располагаат Титовите деца и внуци? Што од сиот тој раскош и имот, кои се препишуваат како негова сопственост, го поделија неговите наследници, неговата сопруга, колку милијарди долари поделија, а ги имаше сите на светот, колку вили и резиденции, амбасади и претставништва им беа впишани во тестаментот на Тито, и, кои јебиветри, бе идиоте, во Титовите реновирани, сочувани и уредени кралски резиденции после него, уживаат, без никој да знае колку за тоа арчат од народните пари, а ништо на народот не му пружија, освен омраза, крвопролевања, и изолација…
Јебо вас Тито, а Коледе е…