„Аџибадем Систина“ со „Возврати силно“: Дебата за машкото здравје во касарната Илинден 

На средбата во касарната Илинден присуствуваше тим искусни специјалисти од болницата кои одговараа на сите прашања и дилеми на припадниците на армијата. Д-р Даниел Петровски, уролог, д-р Иван Трајков, кардиолог, и д-р Владимир Ортаков, психијатар, дебатираа со присутните за канцерот на простата и мочен меур, за еректилна дисфункција, но и за кардиолошкото здравје.

1791

Во ноември, месецот посветен на машкото здравје, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ продолжи со серијата едукативни работилници, дел од кампањата „Возврати силно“, на кои се дебатира за повеќе теми, за проблемите со кои можe да се соочи машката популација. Последната работилница  беше одржана во касарната Илинден во соработка со Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата.

Оваа средба е дел од активноста на „Аџибадем Систина” со која низ дебати во домашни институции и компании се прави обид кон зголемување на свесноста на населението за грижата за сопственото здравје. На средбата во касарната Илинден присуствуваше тим искусни специјалисти од болницата кои одговараа на сите прашања и дилеми на припадниците на армијата. Д-р Даниел Петровски, уролог, д-р Иван Трајков, кардиолог, и д-р Владимир Ортаков, психијатар, дебатираа со присутните за канцерот на простата и мочен меур, за еректилна дисфункција, но и за кардиолошкото здравје. Се потенцираше потребата од редовни прегледи, но и посветеност на менталното здравје, соочување со анксиозноста, како да се препознае депресијата, има ли и кои се можностите за превенција, кои се опциите за лекување.

Во земјава за жал,  во пораст се малигните заболувања, а дел од нив засегаат и одредена возрасна група од мажите.

Серијата работилници почнаа во октомври кога се одржаа повеќе работилници посветени на женското здравје, а „Аџибадем Систина” како општествено одговорна компанија продолжи со овие едукативни средби и овој месец, односно во ноември, месецот на машкото здравје.

Докторите, сепак, истакнуваат дека симболичните активности не значат дека грижата треба да е само во овие месеци. Популацијата мора да води грижа за здравјето во текот на целата година. Инаку, „Аџибадем Систина” има најсовремена опрема за детекција и дијагностицирање, но и лекување на болестите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...