Британец останал без стапало во брутален напад на ајкула во Австралија, пренесува „Метро“.
Дваесет и осумгодишниот Алистаир Радон останал без своето десно стапало. Но, ајкулата по нападот врз него се префрлила на 22-годишниот Дани Магс, исто така од Велика Британија. Магс се здобил со неколку повреди и сега двајцата се во болница од каде што е соопштено дека се во сериозна, но стабилна состојба.
Според сведоци, околу 20 лица се наоѓале на бродот со кој го разгледувале местото, но не се знае колку од нив биле во водата за време на нападот.
Две медицински лица на бродот се грижеле за повредените додека не се вратиле на плажата, од каде со хеликоптер се однесени во болница во Макај.
Лани на само 11 километри подалеку, од ајкула нападнати се две женски лица, а убиен е еден маж.
Триесет и тригодишниот Даниел Кристидис почина минатиот ноември по напад на ајкула за време на патување со пријатели и колеги. Не поминале ни 24 часа, а потоа нападнати се Џастин Барвик и Хана Папс.