Успешно го бранеа методот, тоа е во ред. Но, не е јасно како тоа тројца обвинети е посочено дека се возеле, а не се совпаѓа ДНК? Тука се сомневаме а не во апаратурата, рече Бедри Ајдари роднина на обвинетите, од случајот „Монструм“.
– Ние кога отидовме кај возилото, во една пустина да речам, немаше клуч. Сега велат имало клуч од колата. Потоа што имало во таа женска торба? Не било предмет на анализа. Зошто? Рекоа биле најдени влакна најверојатно од куче. Колку што знам јас, овие немаат миленичиња. Овие што се во бегство живеат во Косово, од тамошниот суд имаат ослободителна пресуда. Живеат во град, не во пештера – вели Ајдари.
Еден од ДНК профилите откриени во возилото „опел омега“ што беше пронајдено по петкратното убиство кај Смилковско езеро му припаѓа на Алил Демири, кажа на денешното рочиште за „Монструм“ второто вешто лице, кое даваше исказ во Кривичниот суд.
Дафинка Ивановска, адвокатка на оштетените од случајот „Монструм“ рече дека како што кажал вештакот Јаневски, нема можност за манипулација со ДНК профилите и дека со сигурност се утврдува дека едната ДНК е на осомничениот кој е во бегство.
Судењето за „Минструм“ ќе продолжи на 12 и на 19 ноември.
„Монструм“ се наоѓа во доказна постапка, а на минатото рочиште искази даваа вешти лица од крим техника на МВР. Според нивните вештачења, кај Смилковско езеро било пукало со две пушки „калашников“ и еден пиштол.