Ацевски: Не гледам оправданост за ревизија на СЈО, субјектот повеќе не постои

525

Не ја гледам оправданоста на ревизија на институција која повеќе не постои. Државниот завод за ревизија може да помогне на други институции доколку го побараат тоа, а се однесува на СЈО, рече вечерва Максим Ацевски, првиот човек на  Државниот завод за Ревизија во емисијата Топ-тема на телевизија Телма.

Тој рече дека Јавното обвинителство упатило барање за помош до Заводот за ревизија за констатирање на одредени постапки кои се вршеле во Специјалното јавно обвинителство во однос на платите и бонусите кои ги добивале обвинителите и дали тие биле согласно законите или спротивно на истите.

– Се работи за комплексно прашање, кој е ефектот на ревизија на субјект кој не постои повеќе. Кому ќе бидат упатени препораки за субјект кој не постои. Не гледам зошто ова би се ревидирало. Државниот завод за ревизија може да констатира одредени постапки кои можат да бидат предмет на истражување. Доколку надлежните органи имаат потреба од човечки ресурси од заводот за ревизија, ние ќе помогнеме – вели Ацевски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...