Лидерот на ДУИ Али Ахмети порача дека претседателот Ѓорге Иванов ќе дејствува непромислено ако ги аболицира осудените за 27 април. Тој вели дека ако Иванов одлучи да ги аболицира, ќе има последици во државата.
– Тоа би било непромислен и неразмислен чекор, од страна на претседателот во заминување. Не знам колкав легитимитет би имал за да преземе таков чекор кој би предизвикал многу реакции – рече Ахмети во изјава за медиуми.
Фото: EPA/VALDRIN XHEMAJ