Ахмети: Честитки на сите кои ни помогнаа и ми ги одржуваа животот и душата

498

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во обраќањето на собраниската седница за ратификација на протоколот за НАТО рече дека усвојувањето на Протоколот претставува пресвртница за сите граѓани.

– Ова е историски момент во кој мора да се потсетиме на припадниците на НАТО кои го дадоа животот за слободата, демократијата и мирот. Горд сум што веќе 20 години ниту еднаш не ја изгубив вербата туку верував во големите пријатели и сојузници кои го водеа овој сојуз. Затоа нашата држава се вбројува и станува значајна како и државите од НАТО. Горд сум дека мојата држава станува 30 земја членка на НАТО. За две работи сум горд на вас, дека никогаш не се појавила дилема за членство во НАТО и ЕУ и тоа е она кон кое секогаш сите сме се придржувале. Честитки на сите пријатели, колеги, на сите кои ни помогнаа и ми ги одржуваа животот и душата – рече Ахмети.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...