Ахмети убеден дека опозицијата ќе го поддржи референдумот

129
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, се сретна со амбасадорот на Холандија во Македонија, Ваутер Пломп, со кого разговараше за евроатланската интеграција, референдумот на 30 септември, владеењето на правото и борбата против корупцијата, како и регионалните случувања.
Претседателот Ахмети го информираше амбасадорот Пломп за подготовките на Демократската унија за интеграција за успешно заокружување на евро-атлантскиот пат преку спроведувањето на референдумот и уставните измени.
Лидерот Ахмети изрази убеденост дека сите оние кои сакаат интегрирана Македонија во НАТО и Европската унија ќе го поддржат референдумот на 30 септември, вклучувајќи ја и опозицијата, бидејќи евроатланската интеграција на земјата е исто така нивна програмска определба.
Во врска со реформите, владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, ДУИ воспостави уникатна практика во земјава, повикувајќи ги и поддржувајќи ги органите да ги истражат сите наводи за корупција и истовремено ги охрабрува другите партии да го сторат истото.
Ахмети заклучи дека единствен начин за регионот е помирување и целосна евроатланска интеграција со европските стандарди, соопшти ДУИ по средбата.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...