Ахмети: Со Пендаровски, гласаме и за ЕУ и НАТО

91
ФОТО: EPA-VALDRIN-XHEMAJ

Немаме време за губење, ние не го гласаме само Стево Пендаровски, туку гласаме за влез во НАТО и ЕУ и го гласаме консензуалниот кандидат, им порача лидерот на ДУИ  Ахмети на граѓаните во oпштините Боговиње и Врапчиште.

Ахмети рече дека секогаш бил транспарентен давајќи им понуда, на Никола Груевски и на Зоран Заев на последните претседателски избори и тоа со две имиња, Владо Поповски и Денко Малевски но немало договор па затоа на тие избори изгуби кандидатот што сега е кандидат, Стево Пендаровски кој во тоа време не беше консензуален.

– Јас не гледам спремност кај г-ѓа Силјановска за да ги потпише документите како претседател на државата во иднина, значи јас гледам пречки, исто како што постапуваше досега Иванов со Законот за јазиците, Преспанскиот договор и многу други закони кои повторно се вратија на гласање – додаде Ахмети.

Тој додаде дека на земјата и е потребно што поскоро да стане земја членка на Европската Унија, затоа што само тогаш ќе престане алчноста на младите за заминување во Швајцарија, Англија,Америка.

– Оваа држава зависи од односите што ќе ги изградат Албанците и Македонците. Моќта на државата зависи од тоа како ќе се организираат овие две заедници, дали ќе бидеме заедно за големи процеси како што се позициите на претседателот на државата и на Владата. На никого ништо не му се случи што Талат Џафери се избра за претседател на Собранието, затоа што Агим Нухиу стана министер за внатрешни Работи, Фатмир Бесими министер за одбрана. Во овој момент мислам дека си правиме услуга себеси со тоа што нашиот глас ќе го дадеме за бројот три и да продолжиме што поскоро да станеме полноправна членка на Европската Унија – додаде Ахмети.

ФОТО: EPA-VALDRIN-XHEMAJ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...