Ахмети смета дека „Рекет“ нема да влијае врз датумот за преговори

245

Законот за специјалното јавно обвинителство треба да се почитува се додека не се донесе нов, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети во изјава за медиумите по неколкучасовната седница на централното претседателство во Мала Речица.

– ДУИ има цврст став дека треба да се почитува Законот за специјално обвинителство и да се постапува во согласност со Законот за обвинителството, договорен меѓу сите страни, актери во првите настани од пред три – четири години што се случија во земјата и ние бараме овој Закон да се почитува. Секое отстапување од овој Закон има последици по земјата и правниот систем. Мислам дека овој развој нема да има влијание и последици врз добивањето датум за преговорите со ЕУ – изјави Ахмети.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...