Ако сакаме да имаме подобра иднина за идните генерации и добри меѓуетнички односи, економски развој и напредување на сите полиња, тогаш друга алтернатива или друг план осевн референдумот нема, порача денеска од Пласница лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Пред граѓаните на трибината Ахмети зборуваше на македонски јазик.
– Сите заедно сплотени да излеземе на 30 септември и да гласаме „за“ европска Македонија и за Македонија во НАТО – рече Ахмети кој беше придружуван од градоначалникот Исмаил Јаоски.
Според Јаоски, општина Пласница ќе биде најверојатно единствената општина во Македонија чии граѓани 100 отсто ќе излезаат на референдумот и ќе се изјаснат за европска Македонија и за влез во НАТО.
– Оваа го велам од причина што ниту една политичка партија која делува во нашата општина досега се нема изјаснето против редерендумот. Јас сум убеден дека на 30 Септември ќе дојдат и ќе гласаат „за“ референдумот – истакна Јаоски.