Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по завршувањето на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека средбата била информативна и на неа му бил презантиран предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов министер за внатрешни работи.
– Ми остави впечаток дека кандидатот што го одбрале има една добра биографија и ќе биде, според мое мислење, ако се договорат и со СДСМ. Тоа е кандидат со искуство, и ќе биде добро за МВР, како и за редот и мирот. Така што, да ги видиме резултатите од средбата меѓу премиерот Заев и Мицкоски – истакна Ахмети.
Лидерот на ДУИ уверува дека нема да се противи ако во новата Влада некое од министерствата го води опозицијата.
Името на предложениот кандидат за министер за внатрешни работи ќе се знае по средбата меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на опозицијата, која е закажана за вечерва.