Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, останува на барањето за ветинг на пратениците и функционерите кои вршат јавна дејност. Ахмети барал совети за примена на системот за проверка, со што ќе се спречат нападите кон функционерите и ширењето на лажните вести.
За скандалот за Павле Богоевски вели не бил во тек, пренесува Канал5.
Во врска со метлата, Ахмети вели дека се уште не разговарал на таа тема со Заев, чека да поминат обврските на премиерот за да договорат состанок на таа тема.
Заев од Виена повторно најави дека промените на дел од функционерите кои потфрлиле во својата работа ќе се случат на почетокот на идниот месец и кажа дека граѓаните испратиле јасна порака дека потребна е промена.