Ахмети повика на соединување во последните чекори до ЕУ

147

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети изјави дека 115 – годишнината од Илинденското востание во Крушево нѐ наоѓа поблиску од кога било до реализирање на вековните стремежи за слобода, мир и еднаквост.

– Македонци, Албанци, Власи и други се обединија во борбата за правата кои што им беа ускратени. Со визија за иднината и еднаквоста како почетна мисла, тие ги поставија темелите на нашето денешно општество. И денес како и пред 115 години, заедно ја градиме државата во преродбеничкиот дух кој што ја определи нашата припадност кон западот – се наведува во писмената изјава до медиумите на Ахмети.

Посебните денови како денешниот, се наведува натаму, да ни послужат како мотив да се соединиме во последните чекори на нашиот долг пат и да го реализираме вековниот сон на нашите граѓани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...