Ахмети – Палмер: Нема запирање на заедничкиот пат за НАТО и ЕУ

354

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети, денес во Скопје се сретна со заменик помошникот на државниот секретар на САД, Метју Палмер и со американскиот амбасадор во Македонија,  Џес Бејли.

На средбата се дискутираше околу последните политички случувања во земјата, спроведувањето на Договорот од Преспа, реформите како и Евроатланската интеграција.

Ахмети ги потенцираше напорите за постигнување на потребната подршка во Собранието и истакна дека петокот беше само почеток на повеќе месечниот процес за спроведување на Договорот од Преспа.

– Нашиот конструктивен придонес нема да изостане во наредните недели до заокружување на процесот за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ. Земјата и регионот немаат друга алтернатива освен Евроатланската интеграција и усвојување на демократските западни стандарди – рекол Ахмети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...