Ахмети: Озборување е дека Адеми пукал на свадба

205

Случајот со пукањето каде се сомничи пратеникот Џеват Адеми повеќе е проблематизирано во медиумите. Џеват Адеми не е тој што го сторил делото, па затоа треба да се почека органите на редот да го кажат својот збор, изјави лидерот на ДУИ, по денешната седница на партиското претседателство.

Пред неколку дена, таткот на второто повредено момче Јусуф Билали, обвини дека Адеми пред еден месец пукал на свадба и ги ранил и сопствениот и неговиот син.

– Има органи на редот и тие треба да ја кажат вистината за тоа како се случил настанот. Никој не сака ниту да го убие момчето, ниту да го убие пријателот и барем Џеват Адеми не е тој што го сторил делото, но, ова е прашање кое треба да го кажат правосудните органи. Џеват во овој случај повеќе е жртва на озборувања – изјави  Ахмети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...