Ахмети од Студеничани: Заедно да победиме на 30 септември

169

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети од Студеничани порача дека на 30 септември се гласа за подобра Македонија, за Македонија во мир и стабилност, се гласа за Македонија со добро меѓуетнички и меѓусоседски односи.

– Сите се победници, нема губитници во овој договор, и Албанците, Македонците, Грците, Бугарите, сите сме победиле затоа што го зајакнуваме мирот, ја зајакнуваме стабилноста, ја зајакнуваме иднината зачленувајќи се во НАТО и Европската Унија. На 30 септември борбата треба да се победи, а ова борба треба да се победи заедно, Албанци, Македонци, Бошњаци, Турци, Власи, Египјани, затоа што се добива иднина за новите генерации. Да се гласа за мир, за стабилност, за економски развој е голема и човечка работа. Ова е историски договор кој што како камен ни тежеше на врат веќе 25 години и на 30 септември овој камен го тргаме од нашиот врат за да може земјата да чекори кон Евроатланските процеси – истакна Ахмети.

Во Општина Студеничани заедно со претседателот на ДУИ, Али Ахмети беа и и пратениците Артан Груби и Ејуп Алими, министрите Садула Дураку, Крешник Бектеши и Арбр Адеми.

Ахмети и градоначалникот на Студеничани од ДПА Азем Садику ја отворија спортската сала во Студеничани.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...