Ахмети: Одлуката е дали ќе се построиме во прогресивниот или регресивниот блок

232

Демократската Унија за Интеграција денес одржа средба со жителите на Општина Липково, каде на присутните им се објасни дека 30 септември ќе донесе перспектива за нашата земја и затоа треба да се гласа ЗА Европска Македонија.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети на жителите на Липково им даде до знаење дека овие се одлучни моменти за тоа дали ќе се построиме во прогресивниот или регресивниот блок.

– Денес делуваат два блока, западниот и источниот. Сега, на 30 септември се гласа за големи прашања, не е пробле дека ќе излеземе на обичен референдум и ќе го дадеме нашиот глас за еден договор. Овој договор не е толку вообичаен, туку е материја што произведува стабилност, безбедност, добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, економски развој, квалитетно образование и здраство, но и квалитет во насока на државното управување. Ќе се зајакне владеењето на правото и правната држава, овој е стандард што никако не може да се прескокне затоа што не може да се биде дел од обединета Европа, тогаш да излеземе и да гласаме на 30 септември ЗА Европска Македонија – рече Ахмети.

Во придружба на претседателот на ДУИ, Али Ахмети беше вицепремиерот за европски прашања , Бујар Османи, министерот за образование и наука, Арбер Адеми, градоначалникот на Општина Липково, Екран Арифи и поранешниот градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...