Со дадениот глас за консензуалниот кандидат ќе се каже стоп на враќањето назад на евроинтегративните процеси и членството во НАТО и ЕУ и со ова ќе победи консензуалноста како концепт на создавање на албанската политика. Ова беше кажано на собирот на ДУИ со граѓаните на Општина Теарце во рамки на претседателската кампања.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети пред жителите на Општина Теарце рече дека поддршката за заедничкиот консензуален кандидат не оди само во поддршка на граѓаните Албанци, но на сите граѓани и како прво во корист на самата држава, затоа што ова држава има иднина само со добра и транспарентна иднина помеѓу двете партии кои имаат легитимитет.
– Не треба да ги заморуваме луѓето со партиотизми без поткрепа, помина тоа време, сега е времето на материјализам, времето на инсталирање на вредности, владеењето на правото, реформи во судството, напредна економија, квалитетно здравство и образование и подобри услуги, по спремна јавна и државна администрација, бидејќи само вака се оди во Европа. Не се спречува миграцијата и амбициите за подобра иднина ако се занимаваме со празни фрази, со патриотизам на кој веќе му помина времето. Ако сакаме да живееме и да работиме во ова земја, да ги инсталираме и да работиме на овие вредности бидејќи Европа е пред нашата врата – рече Ахмети.
Шефот на Изборниот Штаб за Претседателските избори, Изет Меџити истакна дека во оваа ситуација толку деликатна кога се трча за еден или двајца пратеници за да се задржи кревкото мнозинство на Владата ќе биде премногу да се направат политички акробации и затоа се оцени дека со излегување со кандидат Албанец, шансите за одење во вториот круг се минимални и нема никакви шанси за да се добие функцијата Претседател на државата.
– Ние не ја комплициравме ова ситуација и дадовме придонес за да се избере еден кандидат за претседател кој ќе биде заеднички, ќе ја има поддршката од двата поголеми субјекти во Владата, СДСМ и ДУИ, претседател кој од сега кажува дека во неговиот кабинет ќе има и Албанци, ќе има Албанци во дипломатските претсавништа, претседател кој повеќе од албанскиот кандидат зборува за Охридскиот Договор и духот на овој договор, и дека приоритет над приоритетите му е членството во НАТО и ЕУ и дека тука ние се разликуваме со нашите аспирации и затоа одлучивме да му дадеме поддршка уште од првиот круг -истакна Меџити.
Повик за да се гласа за консензуалниот кандидат на 21 април од Општина Теарце испрати и заменик министерот за Внатрешни работи, Агим Нухиу кој рече дека граѓаните Албанци и сите граѓани на Северна Македонија ќе го поддржат принципот на консенсуалноста.