Ахмети: Не работам да ги добијам изборите, туку за добри дела за Албанците

198

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на граѓаните од Бутел им порача дека се создадени условите за гласање на заеднички кандидат за претседател кој ќе ги преставува сите заедници во Република Северна Македонија.

– Ја предложивме идејата на консензуален претседател и како идеја ја претставивме на двете страни. Треба да бидеме реални, ние не може да спроведеме избори за претседател на државата со гласовите и изборната битка со македонската страна. Но,  досега ги реализиравме, Министерството за Одбрана, МВР, Народниот Правобранител, претседателот на Собранието, така ќе се спроведат овие цели. Тука има разлика помеѓу нас и помалите партии. Разликата е што јас Али Ахмети, не калкулирам дали ќе победам на следните избори или не. Јас работам заедно со моите соработници за да направам добри дела кои ќе бидат во корист на Албанците и после одлучуваат граѓаните за кого ќе го дадат нивниот глас – рече Ахмети.

 

 

 

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...