Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, очекува ако ДУИ победи на изборите да се почитува непишаното правило – владата да ја прават победниците во македонскиот и во албанскиот политички блок.
– Не би било добро за државата ако не се почитува принципот победниците на изборите да прават влада. Во 2016 имаше специфични околности за државата. Не би било добро да се повтори 2006 година – изјави Ахмети денеска во Тетово на новогодишниот брифинг со новинарите во седиштето на партијата во Мала Речица.
Ахмети смета дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е најприфатлив кандидат за технички премиер.
Тој додаде дека сѐ уште не разговарал со владиниот партнер за името на техничкиот премиер и потсети дека за тоа ќе одлучат владините партнери и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.