Ахмети: Нема сила што ќе го попречи Договорот со Грција ВИДЕО

847

Откако Собранието по вторпат го изгласа Законот за ратификација на договорот помеѓу Атина и Скопје, лидерот на ДУИ Али Ахмети им честиташе на граѓаните на Македонија.

Во видеоснимката објавена на Фејсбук од пратеникот на ДУИ, Артан Груби се слуша како лидерот на ДУИ вели дека договорот за името меѓу Македонија и Грција нема сила што може да го попречи.

Со 69 гласови „за“, еден воздржан од пратеникот Ферид Мухиќ и ниту еден против, Собранието по вторпат го изгласа договорот за името со Грција. Само 27 минути траеше собраниската седница, на која не присуствуваа пратениците од опозицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...