Ахмети: Нема никакви проблеми кои би ја загрозиле коалицијата на ДУИ и СДСМ

366
ФОТО: EPA / VALDRIN XHEMAJ

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека партнерството меѓу ДУИ и СДСМ функционира без проблеми.

– Секако дека имаме и разлики. Секако дека има и предрасуди од некој член на нашата организација, но тоа не значи дека го загрозува партнерството и дека ќе се создаде некое незадоволство сѐ до непочитување на партнерството. Нема никакви проблеми кои би нѐ загрозувале нас, коалициските партнери – рече Ахмети синоќа на прославата на годишнината од Охридскиот рамковен договор во Скопје.

ФОТО: EPA / VALDRIN XHEMAJ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...