Ахмети: Немавме можност да зборуваме на мајчин јазик, а сега учиме на универзитети

1335
ФОТО: EPA-VALDRIN-XHEMAJ

Немавме можност да зборуваме на мајчин јазик, а сега учиме на универзитети. Вака денеска рекол претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по изборот на новиот младински лидер. Тој им порачал на присутните да ја направат партијата уште посилна, пренесува „МИА“.

– Ние како партија најмногу направивме за Албанците. Сме биле кираџии во сопствениот дом, а сега сме господари во домот. Овде нема место за повеќе од две партии на Албанците. Само со нашата партија може да се оди напред – истакнал Ахмети по изборот на Авни Рустеми за нов претседател на Младинскиот форум на ДУИ.

ФОТО: EPA-VALDRIN-XHEMAJ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...