Претседателот на ДИУ, Али Ахмети од Пласница порача дека план Б нема и доколку некој има друга алтернатива, тоа е Русија, затоа на 30 септември треба да одлучиме дали Македонија ќе биде европска.
– Овој момент нема да се повтори бидејќи на 30 септември гласаме за мир, за побезбедна Македонија, добри меѓуетнички односи, добри меѓусоседски односи, гласаме за иднината, гласаме за да имаме подобар живот и друга алтернатива освен НАТО и ЕУ немаме. Сите заедно да излеземе и на 30 септември да чекориме ЗА Европска Македонија, за постабилна Македонија – истакна Ахмети.