Ахмети на СМС ќе му пише на Заев најмногу три имиња за нови директори

3458

Смена на двајца до тројца директори ќе биде максималната понуда на владиниот партнер Али Ахмети до Зоран Заев, што се очекува да биде доставена деновиве, брифира за Плусинфо висок функционер на ДУИ, по најавата на премиерот дека на владината седница во вторник најверојатно ќе има смени во вториот и третиот ешалон.

Мали се шансите Заев и Ахмети да се сретнат за метлата во вториот и третиот владин ешалон, туку информациите се дека Заев преку СМС ќе ги добие од Ахмети имињата на новите директори од ДУИ.

Веќе објавивме дека по смената на министрите, дошло до несогласување помеѓу Заев и Ахмети за тоа колку директори и заменици министри треба да бидат опфатени со метлата. Премиерот и во последната изјава рече дека промени ќе има најверојатно на 20 – 25 места, директорски и кај раководители на подрачни единици.

Иако првичните информации беа дека Заев ретерира за бројт на директорите кои ќе бидат зафатени со метлата, дознаваме дека всушност Ахмети го кочи процесот. Висок владин функционер за Плусинфо вели дека Заев ги чека од Ахмети предлозите за новите директори.

Според информациите, смената во вториот и третиот владин ешалон се одолговлечи бидејќи курцшлусот настанал кога премиерот одлучил да нема рокади туку само смени на директори. Поради ова, Ахмети ретерирал од веќе договорената листа со Заев, СДСМ да смени 20, а ДУИ 5 директори и последната понуда на Ахмети ќе биде смена на најмногу тројца директори.

Ни од СДСМ ни од ДУИ не откриваат кој од директорите се на листата за чистка.

Според првичниот договор, во медиумите веќе се лиферуваа информации дека метлата ќе ги зачисти кадрите на ДУИ во Бирото за јавни набавки, Агенцијата за странски инвестиции, „Македонија пат“, Македонски железници“и од Центаро за услуги во клиниките. Додека од кадрите на СДСМ и коалицијата беа најавувани смени во ЕЛЕМ, МЕПСО, Фондот за иновации…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...