Али Ахмети на прес-конференцијата по средбата со албанскиот министер за надворешни работи рече дека утре ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и ќе разговараат за политичката ситуација во земјата како и за потенцијалниот консензуален кандидат за претседател.
– Утре ќе оствариме средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за да му се даде правец и на овој проблем, не помалку важен за земјата. Утре ќе разговараме долго и широко и за ова, и сигурен сум дека ќе најдеме решение – рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети.