Со разочарување ја примив веста за твојaта оставка од Министерството за надворешни работи на Република Грција бидејќи веќе четири години работиме заедно за европски вредности, добрососедство, мирен регион, стабилност и безбедност, се вели во писмото што Али Ахмети, лидерот на ДУИ му го испрати на екс министерот Никос Коѕијас.
„Нашата соработка беше природна бидејќи не соединуваат нашите геостратешки и геополитички убедувања не само за нашите земји туку и за регионот и пошироко, волјата за решавање на прашањата помеѓу Скопје и Атина, но и согледувањата за односите со Албанија и Косово.
Сакам да ви се заблагодарам срдечно за Вашата голема посветеност и придонесот за мир, за затварање на прашањата со соседите и за една Југоисточна Европа потполно интегрирана во НАТО и ЕУ.
Убеден сум дека нашите долги, пријателски и многу искрени разговори ќе продолжат со заедничкото ангажирање за вредностите кои ги делиме.
Ти посакувам здравје, среќа и кај мене секогаш ќе најдеш отворена врата за да се остварат нашите убедувања за еден развоен и интегриран регион“, му пишува Ахмети на Коѕијас.