Ахмети му даде гол на Максути во Шипковица ФОТО

462

Министри, вицепремиер, пратеници и градоначалничка на ДУИ предводени од лидерот Али Ахмети денеска  присутвуваа на отворање на спортска сала во селото Шипковица, тетовско. На Ахмети му падна честа да ја пресече црвената лента при отворање на објектот.

На свеченоста освен Ахмети, прсуствуваа вицепремиерот за политички систем Садула Дураку, министрите за образование и за инвестиции Арбр Адеми и Хисен Џеамили, заменик министерот за одбрана Беким Максути и градоначалничката на Тетово Теута Арифи.

Сите функционери оддржаа говор пред прсутните во спортската сала во Шипковица.

Впечатливо е дека заменик министерот за одбрана Максути не успеа да ги одбрани головите од Ахмети, Адеми и Дураку. Инаку Шипковица е родното село на Максути.

Шипковица на јавноста и е позната од конфликтот во 2001 година, бидејќи таму беше стациониран штабот на ОНА.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...