Ахмети – Курц: Време е за евроатлантска Македонија

297

Лидерот на ДУИ Али Ахмети и австрискиот канцелар Себастијан Курц разговараа отворено и пријателски за предизвиците на Македонија и регионот, при што премиерот Куртц ја истакна големата австриска поддршка за евроатлантската интеграција, но и за потребата од понатамошни реформи, соопшти ДУИ.

– Добрите пријатели се посебна вредност и Себастијан Курц е еден од нашите најголеми поддржувачи. Австрискиот премиер се враќа во Скопје за да ни даде поддршка на нашиот пат кон НАТО и ЕУ. Дојде време заедно да ги изодиме последните чекори кон посакуваниот успех, евроатлантската интеграција – истакна Ахмети.

Ахмети му се заблагодарил на премиерот Курц за поддршката за евроатлантската прогресивна опција во земјата и ветил дека тој и ДУИ со посветеност ќе работат за реализација на договорот, но и за понатамошно реформирање на општеството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...