Одбележувањето на дваесет годишнината од влегувањето на НАТО силите на Косово не го пропуштија ни лидерите на ДУИ и на ДПА Али Ахмети и Мендух Тачи. Двајцата лидери денеска присуствуваа на манифестациите кои се оддржаа во Приштина, а на кои учествуваа и поранешниот американски претседател Бил Клинтон и екс државната секретарка Медлин Олбрајт.
Ахмети за своето присуство во Приштина се пофали на Фејсбук, додека за присуството на Тачи на прославата објавија медиумите на албански јазик.
Ахмети наведе дека денес во Приштина го почувствувал духот на жртвувањето на десетици, стотици, илјади војници, паднати борци, дејци, низ децениите за да стигнеме до денот што сме го сонувале за независност, слобода и победа.