Ахмети и Заев се договорија за заеднички кандидат за претседател

2551

Лидерот на ДУИ Али Ахмети пред малку на Фејсбук објави дека попладнево на средба со Зоран Заев, лидерот на СДСМ се договориле за заеднички кандидат на претседателските избори во април.

Ахмети на социјалната мрежа изразува убедување дека заедничкиот кандидат ќе добие поддршка од мнозинството граѓани.

– Разговараме за имињата и во наредните денови ќе се одлучиме за еден од нив. Ќе има состаноци и со другите политички партии со цел и тие да се приклучат кон иницијативата. Одлуките ќе се донесат до петок – рече Ахмети по средбата со премиерот.

На новинарско прашање дали за ДУИ се прифатливи како предлози Оливер Спасовски и Никола Димитров, Ахмети повтори дека конечната одлука ќе се знае до крајот на неделата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...