Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и обвинителот Џелал Бајрами, ќе сведочат на следното рочиште за случајот „Монструм”, кое е закажано на 21 февруари (петок).
Адвокатот на дел од обвинетите во овој предмет Асмир Алиспахич, за МИА ја потврди веста дека Ахмети и Бајрами ќе сведочат, но дополни дека сведочењето на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, сè уште не е потврдено заради службено патување.
На денешното рочиште за петкратното убиство во Смилковското Езеро, на 12 април 2012 година, сведочеа поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и тогашниот директор на Бирото за Јавна Безбедност, Љупчо Тодоровски, познат по прекарот Радник. За овој случај треба да сведочи и Синиша Алексовски, советникот за безбедност во кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Тој исказ во судот треба да даде на 27 февруари.