Ахмети: Има имиња за консензуален претседател, но сѐ уште е рано

532

ДУИ и за овие претседателски избори, како и за претходните, ќе бараат консензуален претседател, најави лидерот на партијата Али Ахмети во неговото костување во емисијата Клан Дебат на ТВ Клан Македонија.

– Секако тоа е еден од ставовите кои сме ги објавиле и ќе го браниме со фанатизам и ќе го промовираме на сите простори тука во Македонија. Ние сакаме консензуален претседател, да седнеме, да разговараме, да се усогласиме – рече Ахмети.

Ахмети исто така кажа дека веќе има и имиња за консензуален претседател, но сѐ уште е рано да се зборува за тоа.

– Ние сакаме конзесуален претседател и секако дека можеме да зборуваме и за имиња, но за тоа е многу рано – потенцира Ахмети.

Тој уште еднаш јасно застана против идејата за органиизрање предвремени парламентарни избори.

-Предвремените избори не се решение за актуелните проблеми, а особено за веќе почнатиот процес. Грчкиот Парламент во јануари ќе ја ратификува поканата за НАТО, за потоа овој процес да продолжи и со другите земји. Тоа е еден неповратен процес. Повторно велам дека ќе најдеме енергија да ги поминеме овие настани без болка и без последици за процесите. Главната одговорност тука спаѓа врз СДСМ. Секако дека и ние не можеме да избегнеме од одговорноста, но има многу ресори каде ние немаме влијание. Таму, СДСМ има повеќе влијание како поголема политичка сила – изјави Ахмети.

Тој негираше дека се дискутирало за нова владина реконструкција.

– Важните работи се движат во добра насока, иако не е направена детална анализа за нашите функционери. Не сакам да искажувам мое индивидуално мислење, без конкретна анализа. Овие работи ги дискутираме со партиските органи, но и со партнерите во коалицијата, затоа што одговорност и анализа ќе има. Политиките треба и се праваат заедно и нормално е дека ќе ги дискутираме, рече лидерот на ДУИ на гостувањето во ТВ Клан Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...