Ахмети: Имав понуда да ја поделам Македонија, ама ја одбив ВИДЕО

1474

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, откри дека во минатото му била понудена поделба на Македонија врз етнички линии, но се пофали дека експресно ја одбил таквата понуда.

Тој во интервјуто за „ABC News“ истакна дека секоја поделба на оваа земја ќе била подеднакво штетна и за Албанците и за Македонците.

– Имав понуда од лидерите на големите политички партии за поделба на Македонија, но јас веднаш ја одбив таа понуда. Оти, секоја поделба на оваа земја ќе биде штетна. Многу штетна за Албанците, но и за Македонците. Не може да се поделат работите како со нож. Ќе имаше малцинства и таму и ваму. Ќе се отвореа нови рани. Ние не прифативме поделба на Македонија. Јас сум им кажал и на македонските политичари дека оваа држава е моја, колку што е и нивна. Сакам да ги имаме нашите симболи и јазик. Ние ги постигнавме овие цели. Имаме Универзитет, јазик во Собранието и во институциите, како и наши симболи – истакна Ахмети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...