Ахмети: За ЕУ и НАТО се залагаме 17 години

86

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети синоќа од Брвеница порача дека на 30 септември се одлучува за иднината на државата и оти сите заеднмо имаме историска одговорност.

На средбата со жителите на Брвеница, Ахмети рече дека треба да стоиме подалеку од политиките коишто се под влијание на Истокот затоа што историски овој народ и припаѓа на западната култура.

– Тука не станува збор само за референдум што ќе се одржи на 30 септември, туку за стратегиски, геополитички планови, затоа на 30 септември се запечатува поновата историја на Република Македонија, за тоа дали ќе припаднеме во блокот за кој сме се ангажирале веќе 17 години. Една друга историска мисија е овaа земја да стане членка на Европската Унија. На 30 септември се одлучува за иднината на оваа земја, за новите генерации на оваa земја. Имаме историска одговорност сите ние заедно – истакна Ахмети.

Во општина Брвеница се и покрај лидерот на ДУИ беа и пратеникот Џеват Адеми, министерот за образование и наука, Арбер Адеми, вицепремиерот Хазби Лика и државниот секретар во Министертвото за земјоделство, Нефрус Челику.

.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...