Сигурно жителите на Дебар, но и ние од ДУИ нема да се разочараме затоа што Хекуран Дука има работна навика, посветеност и негова доблест е одржување на дадениот збор пред сите вас, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети од промотивната конвенција на кандидатот за градоначалник на Општина Дебар.
– Сите стоиме зад Хекуран, зад Дебар, затоа што тој ќе биде домаќинот, тој ќе не преставува но и ќе гради. Јас сум тука за да бидам до Хекуран Дука со моите соработници за да се остварат благородните цели на Дебрани, на нашите браќа и сестри, сите сме зад тебе – рече Ахмети.
Ахмети ги повикажителите на Дебар да им се придружат во историската мисија.
– Сега, на овие избори после трагедијата што ни се случи со губењето на Ружди Љата, неопходно е Дебар да го има првиот во конакот за да ја продолжи неговата работа и мисија – истакна Ахмети.