Ахмети до опозицијата: Надминете се себеси и приклучете се на прогресивните сили во земјата

318

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска ја повика опозицијата да се приклучи на референдумот што ќе се одржи на 30. септември.

– Утре ќе бидеме уште повеќе, последната анкета на ИРИ објавена вчера ја покажува апсолутната волја на нашите граѓани да се придружиме на евроатлантските структури. Граѓаните сега веќе се убедени дека интеграцијата во ЕУ и во НАТО носи одржлив мир, стабилност и одржливост, економска благосостојба и развој. Ја поканувам и опозицијата да му се приклучи на заедничкиот успех, ги повикувам сите кои се двоумат и калкулираат да се надминат себеси и да застанат заедно со прогресивните сили во земјата. Нашата земја се наоѓа пред клучни моменти. Ве повикуваме да гласаме за Европа, за НАТО. Референдумот на 30 септември е за едно подемократско општество со целосно владеење на редот и законот и беспоштедна борба против корупцијата и криминалот – рече Ахмети денеска при објавувањето на кампањата „Излези ЗА европска Македонија“ во Клубот на пратеници во Скопје.

– Убеден сум дека сите граѓани се за Европа, се за НАТО. Времето за лидерство и за храброст е сега. Сите заедно треба да му се придружиме на победничкиот караван. Заедничката и светла иднина е во наши раце – порача Ахмети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...