Ахмети до Коѕиас: Успеавме пријателе!

Денеска нашиот регион, Југоисточна Европа, се раздени во целосно нови геостратешки и геополитички околности, во тие за кои што се залагавме заедно.

231

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети упати писмо до поранешниот министер за надоврешни работи на Грција, Никос Коѕиас во кое со задоволство му пишува дека дошол денот кога може да се радуваат на заедничкиот голем успех.

„Поздрав драг Никос, конечно дојде денот кога заедно можеме да му се радуваме на еден толку голем заеднички успех.

Често се потсетувам на многуте наши силно конструктивни, секогаш отворени и искрени средби, кога ја споделувавме истата цел, имавме исти убедувања, но и не соединуваше истиот опитимизам дека ќе стигнеме тука.

Невремето и облачноста нѐ не одвлекуваа од предодредената цел и се докажа дека сме на правиот пат на историјата и никогаш не се дефокусиравме од крајната цел.

Почитуван пријателе, успеавме,

Сите коишто дадоа придонес во ова вековно дело треба да се горди затоа што изградија европска цивилизациска вредност, придонесоа кон мирот во целиот регион обезбедувајќи стабилност, безбедност и иднина.

Би сакал да ти се заблагодарам за храброста и посветеноста кон постигнувањето и усвојувањето на договорот.

Денеска, нашиот регион, Југоисточна Европа, се раздени во целосно нови геостратешки и геополитички околности, во тие за кои што се залагавме заедно.

Здравје да имаш пријателе, да си имаш среќа и сакам да знаеш дека мојата врата секогаш ќе ја најдеш отворена без да имаш потреба да тропаш на неа.

Остани ми добар“, се вели во писмото од Ахмети до Коѕиас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...