Ахмети до Бејли: Во мојот дом и семејство секогаш ќе најдеш конак

360

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети приреди проштален ручек за aмериканскиот aмбасадор во Македонија, Џес Бејли, кој од должност заминува во почетокот на месец март, соопштуваат од Демократската унија за интеграција.

– Ахмети и Бејли направија ретроспектива на четиригодишната соработка и на постигнувањата на земјата во овој период. Соговорниците исто така разменија мислења околу Демократската унија за интеграција и за перспективите во наредните две децении, членството во НАТО и ЕУ, реформите, претседателските избори, како и за дијалогот помеѓу Косово и Србија. Ахмети изрази благодарност до Бејли и неговата подржувачка улога за излез од кризата и чекорењето кон евроатлантската интеграција – се наведува во соопштението.

Оттаму додаваат оти „Бејли има дадено извонреден придонес за денешните постигнувања и Ахмети истакна благодарност истакнувајќи дека заедно кризата ја претворивме во можност и таа можност ја искористивме на најдобар можен начин за доброто на граѓаните“.

– Во овој период се затвори спорот со Грција и Бугарија, се постигна јазичната еднаквост, де факто сме членка на НАТО и очекуваме во јули да добиеме датум за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Но, останува да се направат уште многу работи, како реформата на органите за безбедност, администрацијата и владеењето на правото – се наведува во соопштението.

На крај, Ахмети истакнал дека кога и да се врати за да ја посети Македонија, амбасадорот Бејли ќе најде конак во неговиот дом и неговото семејство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...