Ахмети ги повика политичките противници да се оградат од „бомбите“ за ДУИ

1061
ФОТО: EPA / VALDRIN XHEMAJ

Али Ахмети ги предупреди сите негови политички противници да се оградат од „бомбите“ што се споделуваат за ДУИ зашто, како што рече, нема да добијат ништо бидејќи се само сервис во рацете на политичката полиција со добро напишана антиалбанска агенда во Македонија и во регионот. Тој смета дека сите споделувачи се жртви на таа валкана игра во рацете на политичката полиција на УДБА и ОЗНА.

Ова го изјави Ахмети во неговиот говор на првото собрание на ДУИ што се одржа во Сарај пред Конгресот на партијата.

– Мене ми е жал, јас сум рекол и порано и навистина не ги слушам тие прислушкувани семејни и приватни разговори, како не се случи да има семејни и приватни разговори од членовите на ВМРО и СДСМ, дали само од ДУИ зборувале приватни разговори, каде се другите разговори? Јас мислам дека овој народ не пасе трева и знае да направи споредба, дали само овие зборувале, додека другите се ангели и за нив нема ништо.

Што направија? Го девалвираа целиот процес до вчерашната девалвација што се случи, ние на време ги предупредивме, не сакаме селективна правда, ние сакаме правда за сите подеднакво, сакаме владеење на правото, сакаме ветинг, сакаме борбата против корупцијата и криминалот да се одвива за сите подеднакво бидејќи криминалот и корупцијата немаат национален идентитет.

Сите криминаци ги обединува една идеја, а тоа е криминалот, ајде да бидеме заедно против лошото и на овој фронт сме ги повикале сите граѓани на Македонија и партиите СДСМ и ВМРО, да бидеме на еден фронт и ние ќе им бидеме партнер во секое време во борбата против лошото, но не и во диверзивните, шпекулативните и задсценските дејствувања, ние тоа никогаш не сме го направиле и нема да го направиме.

Ние сме побарале да се отвори истрага за сите дејстувања, но не еднострано, од 2002 година до денес, зошто другите не го прават тоа, затоа што ние не можеме да бидеме адвокати, истражувачи или судии за секој ден да ги демантираме шпекулациите и лажните вести кои се создаваат против нас, и ние бараме тоа да се санкционира и да се уреди со закон. Затоа јас не сакам на истот начин да им возвратиме, но ги предупредувам од оваа говорница и од ова прво собрание на ДУИ, пред Конгресот. Јас ги предупредувам сите мои политички противници да се оградат од овие шпекулации, од овие споделувања што тие ги прават затоа што нема да добијат ништо бидејќи се само сервис во рацете на политичката полиција со добро напишана антиалбанска агенда во овие подрачја, како во Северна Македонија, така и во регионот, затоа сите тие споделувачи се жртви на оваа валкана игра во рацете на политичката полиција на УДБА и ОЗНА. Вие никогаш не сте ме слушнале да зборувам за сцени и задсцени, или пак за политички и конспиративни теории, и во овој случај нема воопшто политики и конспиративи теории, но во рамките на оваа кампања и организаторите на оваа кампања против ДУИ стојат наследниците на ОЗНА и УДБА со цел да нѐ деградираат пред нашите граѓани.

Каде им се фактите? Нека покажат еден аргумент од десетилјадиците прислушкувања дека некој од ДУИ ја има злоупотребено власта и довербата, дали овие луѓе мислат дека Албанците пасат трева и ќе нѐ казнат нас поради приватни разговори, тие може да имаат краткотраен ефект, но подоцна граѓаните ќе почнат да размислуваат.

За што? Дали некој украл, нека ги дадат прислушкувањата, дали некој дал наредба за противзаконско дестување, јас ќе ги поздравам прв од ДУИ ако ги дадат тие факти, но такви нема затоа што ние не сме избрани за да ја изневериме довербата на гласачите. Јас не велам дека нема и ѓаволи, ајде да ги пронајдеме, но не со празни зборови туку со одредени дејствија.

Јас ви велам дека ние сме посилни од било кога, но треба да бидеме посилни затоа што не гледам друга алтернатива кај Албанците. По цел ден играат на тапан, крадела ДУИ, пцуел Али Ахмети, ме слушале мене и сега со тоа прислушкување сакаат да ме победат, срамота! – рече Ахмети.

Тој нагласи дека ДУИ победила затоа што сработила, но дека треба да работи уште повеќе за да обезбеди следна победа.

– Ме поттикна Хисни со неговиот говор дека сега сите на див начин како волци организираат пропаганда против ДУИ. Да застанеме и да направиме анализа кој направил најмногу за оваа земја, но сѐ што е направено, не само напишаното, туку и документираното е анализирано во сите области на дејстувањето, од националното знаме до универзитетите, јазикот, културата, што се подигнаа на повисоко ниво. Сето ова е од дејстувањето на оваа организација и ова мобилизирање.

Некого знамето му го заматува видот, некого албанските универзитети го излудуваат, некого сите овие достигнувања му го матат разумот и тој не избира средства за борба против ДУИ. Но џабе им е, затоа што за да ја уништиш ДУИ треба да поништиш 20 години историја на оваа земја, треба да го отстраниш Иса Болетини од Сарај, треба да го отстраниш Скендербег од плоштад, Хасан Приштина, треба да го уништиш Универзитетот Мајка Тереза и Тетовскиот Универзитет, но нив не можеш да ги отстраниш и поништиш, треба да го отстраниш албанскиот јазик кој што се зборува насекаде во сите институции. Жал ми е за сите тие кои што ги острат забите и кои што губат разум, бесцелно им е затоа што ќе потфрлат пред нашето членство и нашите следбеници и историјата на оваа земја и членовите на ДУИ – рече Ахмети.

ФОТО: EPA / VALDRIN XHEMAJ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...