Демократската Унија за Интеграција во Тетово ја затвори информативната кампања за референдумот што ќе се одржи на 30 септември. Од Тетово, ги повикуваме граѓаните да излезат и да гласаат ЗА Македонија во НАТО со што нашата земја ќе обезбеди долготрајна стабилност и безбедност, соопшти ДУИ.
– На 30 септември треба успешно да се затвори едно поглавје со интеграција на нашата земја во Европска Унија и зачленувањето на нашата земја во НАТО. Другата алтернатива е изолација. Нѐ само што сме биле поборници, сме пропагандирале и сме биле промотори веќе 17 години за интеграција, не само во НАТО и ЕУ, туку и на внатрешната интеграцијата со сите тие вредности кои ги имаме како нација и така со вредностите што сме ги изградиле тука, да се интегрираме таму каде припаѓаме, во Европска Унија – истакна претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Ахмети објасни дека на 30 септември се одлучува за една историска мисија за Албанците кои живеат во Македонија.
– За нас Албанците се отвараат вратите за НАТО и ЕУ за кои сме чекале долги години, таму каде припаѓаме и каде Националната Преродба ни кажуваше дека за нас сонцето изгрева на Запад. Затоа сите ние имаме морална одговорност затоа што за нас сонцето изгрева на Запад – рече Ахмети.