Ахмети бара консензуален кандидат за претседател на државата

Ахмети смета дека има имиња кои би биле прифатливи и за  Албанците и за Македонците.

650

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети го повтори ставот на партијата дека изборот на идниот претседател на Република Македонија треба да биде консензуален и дека за тоа треба да се договорат со македонската страна.

– Јас се придржувам на принципот дека Претседателот на државата треба да биде консензуален и дека треба да се договориме со македонската страна. Јас и тогаш разговарав со господинот Заев за Претседател на државата, пред пет години. Доколку тогаш најдев заеднички јазик со Заев, јас ќе излезев со тој кандидат без разлика на фактот што бев во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш јас јавно кажав дека доколку постигнам договор со Заев, јас на претседателски избори ќе излезам со него. Но и сега, било кој избор што е подобар за Албанците, јас ќе го прифатам – изјави Ахмети во емисијата „КликПлус“ на телевизија Тв21.

Ахмети смета дека има имиња кои би биле прифатливи и за  Албанците и за Македонците.

– Секако дека има, но сега нема да го кажеме – рече Ахмети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...