По средбата со премиерот Зоран Заев, кој вчера рече дека е подготвен да ги сплоти силите со сите политички партии за соодветен кандидат, Али Ахмети денеска со став – заеднички бараат пат за да излезат со консензуален кандидат, пренесува „Алсат-М“.
– Одржав средби со претседателот на најголемата партија во земјава г. Зоран Заев и ја анализиравме целата ситуација и остана јас да дискутирам, да го отворам како прашање во партиските органи и да се види можноста за некаков пат за санирање на недоразбирањата кои се случија меѓу нашите партии, за да можат да се надминат. И за доброто на земјата би било да имаме заеднички кандидат и да се разговара со сите политички субјекти за да се постигне консензус – рече Ахмети.